Кои се потребните документи за упис на брак во матичната книга на венчаните?
Молба (се пополнува во Амбасадата)
Барање за запишување на брак во матичната книга на венчаните на Република Северна Македонија (се пополнува во Амбасадата)
Извод од матичната книга на венчаните на интернационален образец за земјите членки на Конвенцијата за издавање изводи од матичната книга на повеќе јазици/Виена 1976. За државите кои не се членки на Конвенцијата (како што е пр. Египет), изводите од матичната книга на венчаните треба да бидат легализирани со печат АПОСТИЛ и со заверен превод на македонски јазик.
Уверенија од државјанство на Република Северна Македонија
Патни исправи (горенаведените документи се доставуваат во оригинал и копија)
Доказ за законски престој во државата каде што е склучен бракот